македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: ZÚ SKOPJE
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Прослава на Националниот ден на Република Чешка

На 28 октомври 2021 година, Амбасадата на Република Чешка во Скопје организираше прослава по повод Националниот ден на Република Чешка во просториите на Музејот на современа уметност во Скопје. По тој повод, Музејот на современа уметност подготви изложба на уметнички дела од чешки автори и скулптори. Во рамките на прославата настапија познатиот пијанист Бобан Мирковски и младите музичари почетници од Ромската рок школа. Нивниот настап беше свечено завршување на малиот развоен проект „Музиката како инструмент за општествени промени“, кој беше финансиран во рамките на надворешната развојна соработка на Чешката Република.

Меѓу другите гости, на прославата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, кој го пофали одличното ниво на меѓусебните односи и се заблагодари на поддршката што Република Чешка и амбасадорот Мирослав Томан лично и ја даваат на Северна Македонија.
 

OSMANI + MINISTRI

OSMANI + MINISTRI

ZÚ

 

BOBAN MIRKOVSKI

BOBAN MIRKOVSKI

TAKTOVKA

TAKTOVKA

 

VLAJKY

VLAJKY