македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Владата го одобри барањето за внесување на краткиот назив за земјата „Чехија“/„Czechia” во базите на податоци на ОН

Министерството за надворешни работи на Република Чешка ќе побара од Обединетите нации да ги внесат формите на странски јазици за краткото име на земјата „Чехија“ во две бази на податоци на ОН за имиња на држави – УНТЕРМ и УНГЕГН, согласно одлуката на Владата на Република Чешка на седницата одржана на 2 мај 2016 година. Официјалното политичко име на земјата „Република Чешка“ останува непроменето. Министерството за надворешни работи ќе ги извести Обединетите нации за ова барање во текот на следните недели.
 

Чешката форма на скратеното име („Česko”) сега е наведена во меѓународната база на податоци на групата на експерти за географски имиња при Обединетите нации. Сепак, не се наведени формите на странски јазици, иако тие веќе беа стандардизирани заедно со чешката форма и објавени во официјалното известување на Чешкиот завод за премер и катастар во 1993 година. Во време на објавувањето, Институтот за чешки јазик потврди дека сите овие форми се лингвистички точни.

Краткото име на земјата ќе биде вклучено во базите на податоци УНТЕРМ (Терминолошката база на податоци на Обединетите нации) и УНГЕГН (Групата на експерти за географски имиња при Обединетите Нации) на официјалните јазици на Обединетите нации (Базите на податоци на Обединетите нации ги објавуваат имињата на земјите на шесте официјални јазици на ОН): Czechia (англиски), Tchéquie (француски), Chequia (шпански), Чехия (руски), и формите на арапски и кинески. Краткото име не го заменува потполното формално име на Република Чешка што ќе продолжи да се користи при официјалните настани.

Горе-наведените имиња (пр. „Czechia” на англиски) се само еквиваленти на странските јазици на краткото географско име “Česko”. Зависи од секој говорител или писател дали ќе одлучи да ја користи долгата форма („Česká republika”/„Република Чешка”) или кратката форма („Česko”/„Чехија”). Сепак, се препорачува да се користи кратката форма во ситуации каде формалните имиња на земјите не се потребни (спортски настани, маркетинг, итн.).