македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Предавање на втората етапа на малиот локален проект во општина Драгоманце

На 21 септември 2016 година во интернатот за ученици од основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Драгоманце се одржа предавањето на втората етапа од малиот локален проект „Најдоброто за најмалите“(„The Best for the Smallest“), реализиран во соработка со невладината организација „Балканска фондација за одржлив развој“.

Во првата етапа, во чија рамка во 2015 година беше направена првата реконструкција и замена на електроинсталацијата, отпадокот, социјалните јазли, вратите и прозорците на дел од интернатот од 1945 година, во оваа година продолжи со промена на вратите, прозорците и душеците и поправката на подовите во дел од просторите за живеење. Учениците од основното училиште што благодарение на реализацијата на МЛП значајно ги подобрија условите за живот, го изненадија Амбасадорот Мирослав Рамеш со многу убава културна програма.