македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: Jan Kouřil
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Презентација на чешките производители на одбранбена и безбедносна технологија во Скопје

Вкупно седум чешки фирми се претставија на презентацијата на настанот што го организираше Амбасадата на Република Чешка во Скопје на 23 април 2018 година. Настанот се одвиваше во рамки на проектот на економска дипломатија МНР на Република Чешка со назив „Презентација на производителите на чешката одбранбена индустрија и безбедносни технологии“. Семинарот се одржа во просториите на стрелиштето на фирмата МИКЕИ Интернатионал во Скопје заедно со практични прикази од производството на чешките фирми пред присутните работници на македонското министерство за одбрана и внатрешни работи.

На почетокот настапи Амбасадорот на Република Чешка во Скопје, г. Мирослав Томан, кој кратко ја истакна долготрајната традиција на чешката одбранбена индустрија и ги претстави поединечните чешки фирми што своите производи ги испорачуваат на чешката армија, полицијата и единиците на интегрираниот заштитен систем на Република Чешка и исто така извезуваат и во бројни други земји. Македонија, која сака да влезе во НАТО би можела да стане можен трговски партнер на овие чешки фирми, чие производство ги исполнува стандардите и потребите на алијансата. Потоа кратко беа претставени чешките фирми од страна на господин Томаш Копечни, Директор на одборот за индустриска соработка Оддел за наоружување и набавки при Министерството за одбрана на Република Чешка што ја придружуваше групата на чешки фирми. Конечно на своите македонски партнери им се претставија 7 чешки фирми: Поправка на воздухоплови Малешице (ЛОМ), ЕГО Злин, Реј Сервис, ВОП, СВОС, Ческа збројовка и Ретиа.

На презентацијата беа присутни бројни претставници на македонските државни институции од ресорот на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Понатаму учествуваа претставници од Министерството за здравство, Полицијата, Граничните служби, Царината и Институцијата за цивилни кризни ситуации.

Во стрелиштето на локалната фирма Микеи Интернатионал, потоа Ческа збројовка ги претстави своите производи на практичниот приказ и од донесените оружја можеа и да стрелаат и македонските претставници на државните институции што учествуваа. Исто така чешката фирма ЕГО Злин што ја прикажа својата опрема на терен во областа на деконтаминацијата за воена и цивилна употреба. Беше спроведена и практична демонстрација на опремата при транспортот и изолацијата на пациентите кај кои има сомнение за инфекција од можна зараза на опасна епидемија.

Двата дела од презентацијата на чешките фирми наидоа на голем интерес од страна на претставниците на државните институции. Ческа збројовка веќе успешно влезе на македонскиот пазар во соработка со својот македонски партнер, а исти очекувања од воспоставените контакти имаат и другите чешки фирми ЛОМ, ЕГО Злин, СВОС и др. Фирмата Реј Сервис размислува за инвестиција во производствена фабрика некаде на Балканот, па Македонија може да стане една од земјите каде би ја отворила својата производствена фабрика.

 

Инг. Јан Коурил, раководител на трговско економскиот оддел, Амбасада на Република Чешка во Скопје